Се појави видео од наводниот тенок телефон кој Apple го најавува веќе некое време, а веднаш по потенцијалниот iPhone 17 Air на мрежите се појавија слики од целата нова серија.
Секако, ова се само шпекулации, но според нив, серијата iPhone 17 треба да добие целосно нов дизајн на камерата.
Прикажани се црно-белите модели: црниот iPhone 17 лево, iPhone 17 Air веднаш до него, потоа iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max на десната страна.

Белите варијанти на телефонот се прикажуваат вака:

iPhone 17 Pro Max, iPhone 17 Pro, iPhone 17 Air и iPhone 17.
Се разбира, сите овие уреди треба да го направат своето официјално деби во септември, а iPhone 17 Air е најтенкиот од купот со прилично значителна разлика во споредба со сите телефони на Apple досега: тој е само 5,65 mm.