12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо подготви 60 милиони фунти за Фалкао!

Мурињо подготви 60 милиони фунти за Фалкао!

Falcao-Jose

Во најавеното пребарување за трајно решение во напаѓачката линија на Челзи, како главна мета повторно во прв план се најде одличниот колумбиски напаѓач.

Радамел Фалкао во текот на летото стигна во Монако, сепак постојат големи шанси тој многу бргу да се пресели во некоја подобра фудбалска средина.

Во трката за Колумбиецот води Челзи.

Жозе Мурињо, најави дека има во план да ја засили офанзивната линија, а и потенцираше дека Фалкао му е првата желба.

Информациите од Англија тврдат дека Мурињо за време на клупската пауза ќе ја искористи можноста во живо да го гледа Фалкао, кој во дресот на Колумбија ќе настапи на средбата против Белгија. Репрезентацијата на Белгија има екипа составена од многу играчи кои со успех играат во Премиер лигата, а овој натпревар ќе претставува одличен „тест“ за Колумбијците.

Како што вели „Mirror“, португалскиот стратег за време на паузата во првенството и дефинитивно ќе одлучи дали ќе вложи 60 милиони фунти за Фалкао, па со споменатата сума да го „украде“ од Монако.

Инаку овие шпекулации во целост се неосновани. Фалкао индиректно изрази желба да го напушти Монако, кој покрај паричната, не му нудат голема мотивација на одличниот напаѓач. Недостатокот на Лигата на шампионите е голема работа за секој врвен играч, токму овој факт е и најголема предност на Челзи.

Што е и најважно, Мурињо е свесен дека Фалкао веднаш до јануари би имал право за настап во елитното натпреварување, со оглед дека во новата сезона не настапил на европската сцена.

Навистина, Мурињо во напаѓачкиот ред го има ветеранот Ето, кој е повремено решение, тука е и се подобриот Торес на кој сепак неможе само на него да се потпре, како и Демба Ба, кого не го користи.

Играч како што е Фалко, стрелец кој има константно добар процент на реализација, би претставувал големо и одлично засилување за клубот од „Стемфорд Бриџ“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП