5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид го следи голманот на Наполи

Атлетико Мадрид го следи голманот на Наполи

pepe reinata

Атлетико Мадрид е заинтересиран за голманот на Наполи Хозе Реина. Шпанецот оваа сезона настапува како позајмен играч на „Сан Паоло“ од составот на Ливерпул.

По се изгледа дека тој нема да се врати на „Енфилд“ во текот на летото, поради тоа што кај раководството на „црвените“ нема интерес кон него да го вратат во тимот.

Покрај „јорганџиите“ за Реина е заинтересирана и Барселона, но и од Наполи се подготвени да се обидат да го задржат во составот.

Во моментов чувар на мрежата во Атлетико, пак е Тибо Куртуа, кој сепак исто така е на позајмица од редовите на Челзи и треба да се врати на „Стемфорд Бриџ“ на крајот на сезоната. Одличните настапи на Белгиецот речиси сигурно ќе го натераат Жозе Мурињо да сака да го има во својот состав, а ништо чудно и да започне да се наметнува како стартер наместо Петер Чех.

Токму поради тоа мадриѓаните разгледуваат опции за негов заменик, а Реина е една од опциите на тренерот Диего Симеоне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП