Неодамна, корисниците забележаа појава на необична, празна папка во дискот „C“ на компјутерите: по инсталирањето на ажурирањето „KB5055523“ за „Windows 11“ верзија „24H2“.
Иако на прв поглед изгледа неискористено и целосно непотребно, „Microsoft“ издаде предупредување: не ја бришете оваа папка, бидејќи нејзиното бришење може негативно да влијае на безбедноста на системот.
Овој директориум се нарекува „inetpub“ и се појавува автоматски по ажурирањето со наведената ознака. Иако во повеќето случаи останува празно, „Microsoft“ објаснува дека тоа е резултат на системските промени кои служат за подобрување на безбедноста и дека корисниците, без разлика дали се ИТ администратори или обични корисници, не треба да го допираат или да го отстрануваат.
Во суштина, директориумот „inetpub“ е поврзан со системска компонента наречена Интернет информациски услуги (IIS), која ви овозможува да управувате со веб-локациите, апликациите и „FTP“ серверите директно преку „Windows 11“. Кога оваа функција не е активна, директориумот останува празен, но сепак игра улога во структурата и безбедноста на системот.
Ако оваа папка е случајно избришана, според тестирањето на „BleepingComputer“, тоа не предизвикува никакви непосредни проблеми со оперативниот систем. Директориумот може лесно да се врати со тоа што корисникот ќе ја отвори опцијата „Вклучи или исклучи карактеристики на ‘Windows’“ и ќе ја овозможи ставката „Интернет информативни услуги“, по што директориумот автоматски се враќа со сите потребни поставки.
Затоа, ако ја забележите папката „inetpub“, не допирајте ја, дури и ако ви се чини непотребна и излишна, бидејќи нејзиното бришење може да ја загрози безбедносната конфигурација на системот. „Microsoft“ силно препорачува корисниците да не го допираат.