4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЗлатото сеуште ја губи вредноста

Златото сеуште ја губи вредноста

go

Цената на Златото веќе неколку месеци кружи околу најниската цена за последните 3 години, а инвеститорите сеуште не покажуваат интерес за купување на истото.

Најверојатно овој феноменален пад кој за прв пат се случува во претходните 15 години кога претходно само растеше безпрестајно, претставува технички непознато движење за поголемите инвеститори, така да сеуште не навлегуваат во акција за купување на златото, со стравување дека надолниот тренд е прилично оштар, а во моментов нема никаков фундаментален и технички показател за падот да запре или цената на овој скапоцен метал да расте.

Историски гледано цената на златото од 1997-мата година кога изнесуваше само 250,00 долари по унца се до 2011-тата година непрестајно растеше во еден мирен нагорен тренд достигнувајки неверојатна цена од 1920,00 долари по унца што претставува околу 700% раст, а можете да замислете кои се профитите на купувачите кој навремено пред 10-тина години инвестирале во овој метал, дали физички или на берза… сеедно.

На пример доколку некој досетлив индивидуален инвеститор купил 1000 унци Злато на цена од 300 долари по унца и истото го продал да речиме на некое ниво околу 1500 долари за унца, профитот кој го остварил изнесува 1.500.000,00 – 300.000,00 = 1.200.000,00 долари, а кога ќе увидеме со колкави големини големите институционалци и банки тргуваат со финансиските деривати не може ни да замислете колкави профити се остварени токму со купувањето на овој скапоцен метал.

Но дојде време и кога цената на златото се презасити, токму од тој огромен волумен на купување, сите инвеститори беа навикнати само на купување со оглед дека цената се движеше во единствен нагорен тренд 14 години, за во почетокот на 2013-та година да се случи еден колапс поткрепен со кипарската криза и страшен пад во кратко време, со кој дел од инвеститорите кои задоцнале со купување да се најдат во тешка погубна ситуација.

goldmonthly

Токму тоа е берзата, некој добива и некој губи, а историското движење на цената на Златото е еден одличен пример за природниот начин на движењето на финансиските инструменти, така да може да заклучете дека ништо не може да се движи само во еден правец, а како примерот со Златото после еден долг еднонасочен тренд, дефинитивно следи контра тренд со симболични разлики на цената, само во многу пократок период, токму поради претходно напумпаната вештачка цена.

Денес Форекс берзата им овозможува на помалите инвеститори да го контролираат пазарот со 50 до 100 пати поголеми средства него основните вложени средства, така да нема потреба физички да се купува или продава Златото, него токму преку трговските сметки може виртуелно да го купувате или продавате Златото во основната валута со која сте ја отвориле сметката и да заработувате на разликата на падот или скокот на вредноста на цената на Златото.

На пример со расположливи средства од 1.000,00 долари на вашата сметка вие располагате со 100.000,00 долари како безповратна кредитна потпора од брокерот или 1:100, така да може да реализирате профити 100 пати поголеми него сопствените средства, а евентуалните загуби при лоша проценка не можат да бидат поголеми него вашите вложени средства.

Наш предлог за тргување токму на Златото е како што имавме наведено пред неколку месеци е продажба на цената, а на графичкиот приказ може да заприметете дека има основа за уште еден пад, со кој најверојатно би се формирала диверзиска формација (Divergence) на можното најниско ниво од 1132,20 долари за унца од каде може да се размислува за куповни налози. Техничката анализа е исто така поддржана и фундаментално, со фактот дека инвеститорите за да го купат Златото кое е најзастапено во Австралија, чекаат исто така и основната валута, австралискиот долар, да постигнеможна пониска цена за да искористат и на валутната размена за да се купи што е можно поповолно (ниска цена на злато + ниска цена на австралиски долар).

gold

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП