16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1000 работници во Македонија трпат модерно ропство!

Над 1000 работници во Македонија трпат модерно ропство!

Мора да се подигне јавната свест дека секој може да биде изложен на трудова експоатација. Да се биде жртва на трудова експлоатациоја е многу лесно, а уште пострашно е тоа што истото може да се претвори во класична трговија со луѓе. Токму затоа Бизнис конфедерацијата на Македонија преку свои активности се обидува да ја подигне свеста кај граѓаните, кај работниците и тие веднаш да ги пријават обидите на работодавачите кај надлежните доколку се обидат да ги злоупотребат нивните работнички права.

Податоците кои ги добило Бизнис конфедерацијата на Македонија од своето истражување покажало застрашувачки резултати. Повеќе од илјада работници во текот на една година биле жртви на трудова експлоатација. За работата да биде уште по страшна наодите велат дека најголем дел од нив се деца.

„Ако има дефиниција за трудовата експлоатација, тоа е приморување за некаква работа на една индивидуа, против неговата волја, со цел да се нарушат неговите човекови права односно да се максимикзира од другата страна профитот без притоа да се почитува законодавството. Терминот трудова експлоатација исто така се нарекува и модерно ропство, бидејки сегашната трудова експлоатација има многу сличности на едно време кога се практикувале тие ропства на луѓе“, велат од Бизниос конфедерацијата на Македонија.

Анализата која е направена од ова бизнис-здружение е за периодот од 2017 – 2023 година. Податоците велат и дека жртви не биле само македонските граѓани, туку во замката на експлоаторите биле и странски државјани, кои најчесто биле дојдени тука да работат. Им бил одземан пасошот, не им се плаќале сумите за кои претходно биле договарани со газдите од земјава, живееле во очајни услови, а дури имало и случаи каде што биле препродавани во други држави преку илегални канали.

„Имаме информации дека трудовата експлоатација во земјава, но и во регионот зема замав и може да кажеме дека македонски граѓани работат во странство и се дел од трудовата експлоатација. Меѓутоа има податок дека македонски граѓани се трудово експлоатирани и во земјава, но од соработниците во Министерството за вантрешни работи добиваме податоци дека и странски државјани во нашата земја без оглед на нивната работна дозвола, сепак се жртви на трудова експлоатација, додаваат од БКМ.

Од друга страна пак одливот на млада работна сила во странство не секогаш завршува како среќна приказна. Информациите кои доаѓаат од европските држави велат дека добар дел од македонски државјани се жртви на трудова експлоатација во странски земји.

Но се почесто граѓаните се охрабруваат да пријават сомнителни активности и да побараат помош ако се соочат со тоа.

Загрижува тоа што во Македонија, ова е растечки проблем, на кој мора да се посвети поголемо внимание. Според истражувањето на Бисниос Конфедерацијата, најподложни на трудова експлоатација се земјоделството, градежништвото, туризмот и угостителството. На глобално ниво пак над 40 милиони лица во светот се жртви на модерно ропство, со 25 милиони лица кои се заробени на принудна работа во речиси сите сектори.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП