6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши годината за Меси!

Заврши годината за Меси!

mesi betis

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси ќе биде надвор од терените до крајот на годината. Аргентинскиот напаѓач се повреди на вчерашната средба против Бетис (4:1) и беше заменет принудно од Андрес Иниеста уште во 21-вата минута.

Медицинските прегледи открија дека 26-годишниот играч има искинат мускул на левата нога. Тој ќе треба да паузира меѓу 6 и 8 недели. Првата фаза од лекувањето ќе биде во Барселона, а за втората Меси ќе се врати во Буенос Аирес.

Аргентинскиот репрезентативец ќе ги пропушти дуелите во Примера против Гранада, Атлетик Билбао, Виљареал и Хетафе, последните две средби од групната фаза на Лигата на Шампионите со Ајакс и Селтик, како и двата натпревари со Картагена за Купот на кралот.

Се очекува Четирикратниот победник на „Златната топка“ да се врати во игра за дербито со Атлетико Мадрид на стадионот Висенте Калдерон на 12-ти јануари.

Од почетокот на сезоната Меси е склон на чести повреди. Аргентинецот прво се повреди во првиот натпревар за Суперкупот на Шпанија против „Атлетико“ на 21-ви август. Тогаш тој пропушти една недела поради повреда на колкот.

На 28-ми септември Меси доби мускулно истегнување во десниот колк во дуел од Примера против Алмерија. Поради повредата тој паузираше три недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП