21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити влегува во трка за Валдес

Сити влегува во трка за Валдес

viktorce

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, верува дека Виктор Валдес може да го реши проблемот во тимот кој го имаат на голманската позиција.

Англискиот тим ќе се обиде да го привлече Валдес на крајот на сезоната, кога репрезентативецот на Шпанија ќе стане слободен играч.

31-годишниот голман има договор со Барселона до 30 јуни 2014-та година. Валдес веќе најави дека не планира да го продолжи договорот и ќе го напушти „Камп Ноу“.

„Граѓаните“ би можеле да го земат Виктор Валдес без да платат оштета, но англискиот клуб ќе треба да се бори за потписот на голманот со Монако.

Во Манчестер Сити имаат сериозен проблем на голманската позиција поради слабата форма на Џо Харт. Во последните натпревари на голот на „граѓаните“ е Романецот, Костел Пантилимон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП