Доволно беше едно изненадувачко откритие на нутриционистите дека кромидот и скарата не одат заедно, туку со омиленото македонско јадење се препорачуваат зелка или зелена салата, а сега следува уште еден гастрономски шок – мешање домати и краставици во салата не се препорачува! Експертите тврдат дека во истата комбинација се губат хранливи материи.
Оваа комбинација во една салата доведува до уништување на витаминот Ц во доматите. Исто така, овие зеленчуци немаат исто време на варење, па кога се земаат во исто време, постои голема можност за ферментација во желудникот, што подоцна може да предизвика болки, грчеви и надуеност. Затоа нутриционистите советуваат да заборавиме на омилената шопска салата и да уживаме во доматите и краставиците, но само одделно.

