19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд подготви 22 милиони евра за Џеко

Дортмунд подготви 22 милиони евра за Џеко

Edin-Dzeko_2773960

Раководството на Борусија Дортмунд планира повторно голем трансфер. Откако летоска најдоа замена за „десетката“ (Гетце) со привлекувањето на Пјер – Емерик Обамејанг и Хенрих Мхитарјан, сега вицешампионот на Германија и Европа започна со офанзива за наоѓање на заменик на Роберт Левандовски.

Договорот на полскиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, но од Борусија планираат да го продадат во јануари и со тоа да ја искористат последната шанса да земат некакви пари за него.

Како што јавуваат од Германија, фудбалерот, кој треба да го води нападот на Борусија по зимската пауза, е Един Џеко. Медиумите во Босна и Херцеговина тврдат дека „жолто-црните“ се подготвени со понуда во вредност од 22 милиони евра за централниот напаѓач.

Се претпоставува дека оваа сума ќе биде доволна да ги убеди шефовите на Манчестер Сити да се раделат со Џеко, кој добива по 190.000 евра неделно, а освен тоа тој е резерва на Серхио Агуеро и Алваро Негредо. Џеко има 3 гола во 7 натпревари за „граѓаните“ во Премиер лигата оваа сезона, а договорот со клубот му истекува по 18 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП