18 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Motorola“ го подготвува најиздржливиот „Edge“ досега!

„Motorola“ го подготвува најиздржливиот „Edge“ досега!

Компанијата во сопственост на „Lenovo“ се обидува да го скрие идентитетот на својот најиздржлив телефон „Edge“, но не остана многу мистерија – „Edge 60 Fusion“ треба да биде откриен во наредните недели.

Неодамна објавените информации откриваат дека овој модел од средна класа ќе има IP68 заштита од потопување во вода, како и отпорност IP69 на „водени млазови под висок притисок“.

Важно е да се напомене дека IP68 и IP69 не се исти. Додека повеќето телефони од високата класа денес носат IP68 сертификат, ознаката IP69 е многу поретка и е присутна само на неколку „мејнстрим“ уреди, од кои најпознат е „OnePlus 13“.

Иако цената на моделот „Motorola Edge 60 Fusion“ сѐ уште не е позната, може да се претпостави дека ќе биде значително попристапен од премиум телефоните, што ја прави неговата издржливост уште поимпресивна.

Накратко, овој модел на „Motorola“ се очекува да ги надмине повеќето конкуренти во истиот ценовен опсег кога станува збор за издржливоста – не само што ќе биде отпорен на прашина и долго потопување во вода, туку ќе може да издржи дури и екстремни услови како сауни и висока влажност.

Дополнително, можно е „Edge 60 Fusion“ да има и воена потврда за отпорност на сол, вибрации и падови на тврди површини, иако Motorola сè уште официјално го нема потврдено ова. Сепак, слоганот најиздржливиот телефон „Edge“ јасно навестува дека овој уред ќе биде особено робустен.

Она што засега е сигурно е дека телефонот ќе понуди „најдобро искуство со вештачка интелигенција во сегментот“, според производителот, додека екранот ќе биде агресивно закривен и способен да прикажува „100% вистински бои“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП