Најновите гласини сугерираат дека „Apple“ активно развива верзија на слушалките „AirPods“ со интегрирана камера.
Аналитичарот Марк Гурман во својот последен извештај тврди дека „Apple“ работи на верзија на „AirPods“ која ќе има интегрирани камери.
Според неговите сознанија, гореспоменатата технологија најверојатно нема да се појави на слушалките „AirPods Pro 3“, а целта на технологијата е да им овозможи на слушалките подобро да ја разберат околината на корисникот.
Со оваа интеграција во „AirPods“, корисникот може да го праша „Siri“ за околината без да мора да го извади својот „iPhone“ од џебот.
Аналитичарот Минг-Чи Куо, исто така, претходно ја предложи идејата дека „Apple“ може да ги искористи камерите и да ги интегрира со други свои производи. На пример, тие би можеле да се користат за подобра свесност за околината додека слушате аудио со „Apple Vision Pro“.
Се сугерира дека гореспоменатата технологија нема да дебитира на уредите на „Apple“ пред 2027-ма година и најверојатно ќе пристигне со слушалките „AirPods Pro 4“.