3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасилјас оди по стапките на Раул?

Касилјас оди по стапките на Раул?

Медиумите во Германија денеска објавија дека Шалке е одлучен во намерата да го доведе голманот на Реал во зимскиот преоден рок.

Една од големите легенди на Реал еднаш замина во Шалке кога Мурињо пристигна на „Бернабеу“, а последиците од наследството на Португалецот би можеле да влијаат на уште една легенда на „кралевите“ да тргне по истиот пат.

Нормално станува збор за Раул Бланко и Икер Касилјас.

Голманот на шпанската репрезентација во Торино ја покажа својата вредност, кога со неколкуте одлични одбрани во првото полувреме против Јувентус го спаси својот тим од сигурен пораз и допринесе текот на натпреварот да тргне во друга насока. Реал зема бод од гостувањето во Италија и направи голем чекор кон нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Во исто време, чуварот на мрежата на Шалке, Тимо Хилдебранд му го поклони на Челзи првиот гол на „Стемфорд Бриџ“ и на себе го навлече гневот на цел Гелзенкирхен.

Раководството на Шалке би сакало да го доведе Касилјас на шестмесечна позајмица веќе оваа зима, а разговорите за иднината би ги направиле по Мундијалот во Бразил.

Потсетуваме, Икер има договор со Анчелоти да настапува во Лигата на шампионите и Кралскиот Куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП