18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан се засилува од редовите на Рома

Милан се засилува од редовите на Рома

Италијанските медиуми објавија дека „росонерите“ во јануари сакаат да ги засилат своите редови со Николас Бурдисо.

Одбраната на Милан во другиот дел од сезоната ќе биде посилна со Адил Рами кој пристигна на позајмица од Валенсија, но ќе може да настапи на првенствените натпревари дури во јануари.

Сепак, управата на клубот од „Сан Сиро“ смета дека доведувањето на Рами не е доволно, па ќе се обидат уште повеќе да ја засилат последната линија во тимот.

Во преден план е Николас Бурдисо на кого договорот со Рома му истекува на крајот на сезоната и кој од доаѓањето на Руди Гарсија на кормилото на „волчицата“ има само еден настап во Серија А.

32-годишниот дефанзивец на Апенинскиот полуостров пристигна во 2004-та година од Бока Јуниорс. По пет сезони поминати во Интер се пресели на „Олимпико“.

Тој за репрезентацијата на Аргентина одигра 40 натпревари и постигна два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП