8 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа „Apple Maps“ доаѓа нешто што ќе ги налути корисниците

На „Apple Maps“ доаѓа нешто што ќе ги налути корисниците

Опцијата, која „Google“ веќе ја додаде на својата популарна услуга за мапирање, би можела да пристигне и на „Apple Maps“.

„Apple“ на неодамнешниот состанок им кажа на своите вработени дека размислува за голема промена, објави аналитичарот Марк Гурман во својот последен извештај.

„Apple“ наводно планира да додаде рекламирање на својата услуга „Maps“.

Рекламите и огласите би биле слични на она што го има „Google Maps“, а бизнисите би платиле за да бидат прикажани повисоко во резултатите од пребарувањето или да се видат на самите мапи.

Се наведува дека нема информации кога ќе се спроведе оваа промена, а можно е да не се случи наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП