7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Барселона и го нудат Форстер? (видео)

На Барселона и го нудат Форстер? (видео)

Медимите во Шпанија тврдат дека клубот од Каталонија добил можност да ангажира одличен чувар на мрежата.

Челниците на Барселона секако добро се запознаени со квалитетите на англискиот голман, Фрејзер Форстер, бидејќи веќе втора година поред се наоѓаат во иста група како и Селтик. Но според некои информации, нивниот приоритет ќе биде ангажирањето на младиот германски голман, Марк-Андре Тер Штеген и од „Ноу Камп“ не се заинтересирани за Форстер.

Чуварот на мрежата на Селтик се наоѓа на листата на желби на неколку шпански клубови, па не би било изненадување ако заигра во Примера веќе наредната година, и покрај тоа што има договор со Селтик до 2016-та година.

25-годишниот голман е еден од тројцата чувари на мрежата кој се најде на списокот на селекторот на Англија, Рој Хоџсон, а во следното видео можете да видите зошто за Форстер се интересираат клубовите низ Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП