19 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOpenAI воведе нова функција: Што може сега да направи ChatGPT?

OpenAI воведе нова функција: Што може сега да направи ChatGPT?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција со седиште во Калифорнија Open AI ја лансираше способноста за изведување сложени, длабинско истражување (Deep Research) во рамките на нејзината алатка ChatGPT.

Станува збор за повеќестепени интернет пребарувања за сложени задачи – новиот агент за вештачка интелигенција може да ги заврши задачите за неколку десетици минути за кои на луѓето би им биле потребни многу часови, се вели во соопштението на компанијата.

Функцијата, според компанијата, е наменета за луѓе кои работат интензивна работа во областа на финансиите, науката, политиката и инженерството и имаат потреба од темелно, прецизно и доверливо истражување, пренесува Tech Crunch.

Дополнително, може да биде корисно за секој што купува што бара внимателно истражување, како што се купување автомобили, апарати и мебел.

Споменатата функција сега е достапна за корисниците на претплата на ChatGPT Pro и тие засега ќе можат да испраќаат најмногу 100 прашања месечно.

Длабинското истражување е достапно денес на веб-страницата ChatGPT и ќе биде претставено на мобилни и десктоп апликации во рок од еден месец. Оние кои се на програмите Plus и Team наскоро ќе можат да го користат, додаваат од компанијата.

„Способноста да се синтетизира знаењето е предуслов за создавање ново знаење. Затоа, длабинското истражување означува значаен чекор кон нашата поширока цел за развој на вештачка општа интелигенција (AGI) и може да помогне во научните истражувања“, се наведува на веб-страницата на Open AI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП