Минатата година беше уште една во која „Apple“ доминираше кога станува збор за глобалната испорака на паметни телефони.
Според статистичките податоци на аналитичката компанија „Canalys“, „Apple“ имаше седум од Топ 10 телефони со најголеми испораки на крајот на 2024-та година. На врвот е „iPhone 15“, како водечки модел во продажба.
„Samsung“ е, според оваа анализа, единствениот преостанат бренд кој се наоѓа на листата на 10-те најпродавани брендови. Кога станува збор за уредите на јужнокорејската компанија, „Galaxy A15“, „A15 5G“ и „S24 Ultra“ беа најшироко испорачани минатата година.
Процентуално, „iPhone 15“ сочинуваше 3% од проценетите 1,22 милијарди телефони испорачани во 2024-та година. Врз основа на таа статистика, „Apple“ испорача 33,6 милиони „iPhone“ минатата година. На второто и третото место се моделите „iPhone 16 Pro Max“ и „15 Pro Max“.
„Samsung“ влезе во првите пет благодарение на моделот „Galaxy A15“, кој е на четврто место според продажбата, додека „Galaxy A15 5G“ е на осмото место, а „S24 Ultra“ е на деветтото место.
Она што се издвојува на овогодинешната листа на најпродавани смартфони, во споредба со минатогодишните, е тоа што пет од Топ 10 уредите се од категоријата водечки. Минатата година беа четири.
