2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОOсло ја потврди кандидатурата за ЗОИ

Oсло ја потврди кандидатурата за ЗОИ

Главниот град на Норвешка, Осло официјално ќе се кандидира за зимските Олимписки игри во 2022-та година, потврдија од Организацискиот комитет.

„Осло ќе поднесе кандидатура навреме до 14-ти ноември“, објави портпаролот Ингун Олсон.

Во септември беше одржан референдум во норвешката престолнина и 53.45 проценти од жителите на градот гласаа во полза на кандидатурата за зимската олимпијада.

Баварската престолнина Минхен ќе одржи референдум за граѓаните до крајот на оваа недела и исто така може да се кандидира. Потенцијални кандидати се уште Алмати (Казахстан) , Краков (Полска) и шведската престолнина Стокхолм.

Домаќинот на зимската Олимпијада во 2022-та година ќе биде објавен на 31 јули 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП