22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАXiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6...

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Компанијата Xiaomi, за потрошувачка електроника и производство на паметни телефони и хардвери поврзани преку IoT платформата во својата основа, го проширува своето портфолио во областа на AIoT и уредите за носење со пет нови производи. Се работи за Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, како и Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000. Дизајнирани да го подобрат секојдневниот живот, работата и забавата, овие производи комбинираат врвно аудио искуство со напредни режими за следење на здравствените параметри.

Најновите Redmi Buds 6 и Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат врвен звук со напредни функции, како што се оптимизирано поништување на шумот и мулти-димензионален звук. Дополнително, тие лесно се поврзуваат со новиот Redmi Watch 5, модерен паметен часовник со ултра тенок екран, долготрајна батерија и напредно следење на отчукувањата на срцето и спиење што совршено се вклопува во вашиот животен стил.

Новиот Xiaomi Power Bank 10000 е совршен придружник за долги патувања и тренинзи. Со голем капацитет на батеријата и брзо полнење, овозможува едноставно користење и обезбедува Вашите уреди секогаш да бидат подготвени за работа.

Redmi Buds 6: Совршен спој на избалансиран звук, стил и софистицираност

Redmi Buds 6 обезбедува врвен звук и персонализирано аудио искуство. Опремени со напредно активно поништување на бучавата (ANC) што го намалува шумот до 49dB, тие ефикасно ги блокираат надворешните звуци како дожд, ветер и бучава. Двојните драјвери обезбедуваат богат и динамичен звук, а различните режими на ANC и приспособливите поставки автоматски се прилагодуваат на околината. За јасна комуникација, двојниот микрофон со AI намалување на шумот го намалува позадинскиот шум, дури и при ветрови до 9 m/s. Вградениот аудио ефект од 360° обезбедува извонредно звучно искуство, ставајќи го корисникот во центарот на сè што слуша.

Достапни се во боите Cloud White, Night Black и Coral Green, Redmi Buds 6 нудат видливи нивоа на батерија во реално време, како и до 10 часа репродукција со едно полнење или дo 42 часa со куќиште. Паметните опции на поврзување овозможуваат беспрекорно споделување звук или користење слушалки за hands-free фотографирање преку едноставни движења.

Redmi Buds 6 Pro: Запознајте ја аудио технологијата што поставува нови стандарди во индустријата

Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат исклучително аудио искуство. Опремени со тројни драјвери, кои имаат Hi-Res Audio Wireless сертификат, овие слушалки, кои имаат дуални високотонци PZT во комбинација со звучник од 11 mm со титаниумска дијафрагма, обезбедуваат богати басови и кристално чисти високи тонови. Покрај тоа, просторниот звук со приспособливи режими обезбедува единствено аудио искуство – без разлика дали слушате музика, гледате видеа, играте игри или уживате во аудио книги. Напредната технологија за активно поништување на шум (ANC) го намалува шумот до 55 dB6 и опфаќа ултра широк опсег на фреквенции до 4 kHz, што е идеално за елиминирање на звуците што го одвлекуваат вниманието со средна и висока фреквенција. Со подобрени перформанси ANC од 14,16% во однос на претходната генерација, мулти-нивото на ANC овозможува кристално чист звук дури и во бучни средини.

Redmi Buds 6 Pro доаѓаат во три атрактивни бои — Glacier White, Space Black и Lavender Purple. Oвие слушалки овозможуваат дo 9,5 часа репродукција со едно полнење, а со куќиштето до 36 часа. Со едноставни контроли на допир, можете лесно да управувате со повиците, музиката, јачината на звукот и режимите ANC. За уште подобро искуство, адаптивниот еквилајзер (EQ) нуди четири претходно поставени режими и еден приспособлив, овозможувајќи Ви да го прилагодите звукот според своите желби и потреби.

Redmi Watch 5: Уживајте во паметниот часовник со flagship карактеристики

Со најголемиот и најсветлиот екран досега на Redmi паметниот часовник, Redmi Watch 5 им нуди на корисниците неверојатен AMOLED екран од 2,07 инчи, кој обезбедува одлична видливост дури и при најсилно сонце. Со осветленост од 1500 nit, фреквенција на освежување од 60 Hz и јасен приказ од 324 ppi, овој екран нуди искуство на ниво на водечките уреди. Импресивниот дизајн е дополнително нагласен со ултра тенките рамки со димензии од само 2 mm и неверојатниот сооднос на екранот и телото од 82%. Батеријата трае до 24 дена, што овозможува сигурно следење на здравјето. Часовникот доаѓа со опции за прилагодливи ремени, премиум алуминиумска рамка и надградена круница, која комбинира удобност и стил.

Вградениот линеарен мотор обезбедува тивки и прецизни хаптички повратни информации, додека поддршката за Bluetooth®телефонски повици и двојното намалување на шумот овозможуваат јасни разговори дури и во бучни или ветровити надворешни услови. Redmi Watch 5 содржи нова алгоритамска технологија за следење на отчукувањата на срцето, развиена во компанијата, која ја подобрува точноста на следењето и им овозможува на корисниците да ги следат отчукувањата на срцето, нивото на кислород во крвта и квалитетот на спиењето во текот на целиот ден. Со повеќе од 150 спортски режими, Redmi Watch 5 е совршен партнер за тренинзи, со вградениот GNSS систем со 5 компоненти за прецизно следење на активностите на отворено, додека водоотпорноста од 5ATM овој часовник го прави идеален за љубителите на водените спортови.

Xiaomi 33W Power Bank 10000: Компактно и сестрано полнење во движење

Совршен придружник за оние кои се во движење, Xiaomi 33W Power Bank 10000 обезбедува брзо и практично полнење во компактна форма што лесно се вклопува во торба или џеб. Вградениот USB-C кабел овозможува едноставно користење на батеријата од 10.000 mAh¹3, која може да наполни компатибилен телефон Xiaomi до 45% за само 30 минути.

Со совршениот баланс на големината и моќноста, Xiaomi 33W Power Bank 10000 тежи само 210 грама, што го прави лесно пренослив и едноставен за користење. Дополнителниот USB-C приклучок овозможува полнење од 33W15, додека дополнителниот USB-A порт поддржува динамична дистрибуција на силата до 22,5W16 по уред, со поддршка за полнење на три уреди истовремено, со можност за самостојно полнење од 30W.

Xiaomi 165W Power Bank 10000: Неверојатно брзо полнење со полн капацитет

За корисниците кои бараат брзо и практично полнење на преносни уреди, Xiaomi разви Xiaomi 165W Power Bank 10000. Oвоj Power Bank има два порта кои можат да испорачаат вкупна излезна сила до 165W. Погоден за полнење на паметни телефони, таблети, лаптоп компјутери, може да полни два уреди истовремено со брзина до 120W и 45W. Teхнички упатените корисници на Xiaomi уредите може да очекуваат дека со полнењето од 120W ќе постигнат целосно полнење само за 23 минути.

Xiaomi 165W Power Bank 10000 доаѓа во елегантен дизајн и тежок е само 318 грамa, што го прави совршен за корисниците кои се во движење. Вградениот USB-C кабел го олеснува полнењето, додека паметниот екран со иконите во боја го прикажува нивото на батеријата во реално време. Флексибилниот и сестран, Xiaomi 165W Power Bank 10000 нуди два порта за полнење до 110W (65W + 45W), како и 90W самополнење, oвозможувајќи 75% полнење само за 15 минути и целосно полнење само за 35 минути.

Цена и достапност

Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000 достапни се кај овластените партнери на Xiaomi.

Почетната цена на Redmi Buds 6 изнесува 5.990 rsd(3.150 мкд)
Почетната цена на Redmi Buds 6 Pro изнесува 10.990 rsd(5.780 мкд)
Почетната цена на Redmi Watch 5 изнесува 14.990 rsd(7.880 мкд)
Почетната цена на Xiaomi 33W Power Bank 10000 изнесува 3.490 rsd(1.835 мкд)
Почетната цена на Xiaomi 165W Power Bank 10000 изнесува 5.990 rsd(3.150 мкд)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП