5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСофтверски гигант го сака името „Бернабеу“

Софтверски гигант го сака името „Бернабеу“

bernabeumicor

Претставници на „Microsoft“ и „Реал Мадрид“ преговараат за заедничка соработка. Шпанските медиуми веќе информираа дека американската компанија е заинтересирана за стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Американскиот софтверски гигант „Microsoft“ има желба да го спонзорира реновирањето на стадионот на Реал Мадрид  – „Сантијаго Бернабеу“.

Идејата на шефовите на „кралскиот клуб“ е голем дел од парите за обновувањето да дојдат од спонзори, а постои голема веројатност објектот да биде преименуван по примерот на голем број на други стадиони.

„Да, „Microsoft“ и Реал Мадрид преговараат. Во моментов ние ги проучуваме другите спонзорски договори за имињата на стадионите, какви што се „Емирати“ во Лондон или „Алијанц Арена“ во Минхен“, откри шефот на американската компанија во Шпанија, Марија Гарања.

Се очекува, по реконструкцијата на објектот во 2016-та година, името да се промени, ако не целосно, тогаш барем делумно име. Гласините покажуваат дека во името на стадионот може да се вклучи и името „Microsoft“  или „Сантијаго Бернабеу“.

„Односите со Реал Мадрид  се одлични и неодамна потпишавме договор со нивната фондација. Во моментов навистина разговараме за можноста за промена на името на стадионот“, изјави Марија Гарања.

Продажба на името на стадионот е еден од начините на фудбалските клубови да привлечат дополнителни приходи. Освен Арсенал и Баерн Минхен, други слични примери се Манчестер Сити, Шалке 04 и други.

„Кралевите“ како домаќини на „Сантијаго Бернабеу“ настапуваат од 1947-та година, кога е изграден стадионот, а кој го носи името на легендарниот претседател на клубот. Капацитетот на објектот е 85.454 гледачи, но се очекува да биде зголемен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП