14 јануари, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНечуен потег на Microsoft: Bing се маскира во Google за да ги...

Нечуен потег на Microsoft: Bing се маскира во Google за да ги измами корисниците

Во еден од погрозоморните обиди да ги задржи корисниците, Microsoft реши да го прикрие својот пребарувач Bing за да изгледа идентично како Google. Овој шокантен потег прв го забележал и документирал порталот 9to5Google, каде што можете да погледнете и видео во кое се прикажува целиот процес, што предизвика лавина реакции во технолошката заедница.

Ако го користите прелистувачот Microsoft Edge со основни поставки, Bing автоматски се поставува како ваш стандарден пребарувач. Кога ќе го напишете зборот „Google“ во лентата за адреси, Bing ќе ви покаже страница која е речиси идентична со онаа на Google, вклучувајќи дури и лажен Google doodle , лента за пребарување и целосен дизајн.

Трикот оди дотаму што Microsoft дури и го крие брендирањето на Bing од врвот на страницата, кое станува видливо само кога ќе скролате малку нагоре. Интересно е тоа што кога пребарувате за кој било термин освен „Google“, брендирањето и лентата за пребарување на Bing се јасно видливи на врвот на страницата.

Google реагира, корисниците протестираат

Париса Табриз, потпретседател на Google Chrome, не молчи за овој потег. „Имитацијата е најискрената форма на ласкање, но копирањето на Microsoft на почетната страница на Google е само уште една тактика во нивната долга историја на трикови за да ги збунат корисниците и да го ограничат изборот“, напиша таа на социјалната мрежа X.

За сите корисници кои сакаат да ги избегнат овие трикови, еве како можете да го промените вашиот стандарден прелистувач:

-Отворете Microsoft Edge
-Кликнете на трите точки во горниот десен агол
-Одете во Поставки
-Најдете го делот „Барај“.
-Изберете го саканиот прелистувач од списокот.

Овој потег на Microsoft покажува колку е решена компанијата да ги задржи корисниците кои традиционално го користат Bing само за да стигнат до Google, исто како што некогаш користеа Internet Explorer исклучиво за преземање Firefox или Chrome.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП