2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТурци нудат 25 милиони евра за Ибра!?!

Турци нудат 25 милиони евра за Ибра!?!

France Soccer League One

Претседателот на Фенербахче сака да испрати јасна порака дека има во план својот клуб да го издигне на фудбалското небо.

Иако само неодамна го продолжи договорот со екипата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е предметот на новата трансфер шпекулација.

Имено, Азиз Јилдирим, новоизбраниот претседател на турскиот Фенербахче планира својот клуб да го засили со фудбалер од светска класа и така да испрати порака за својата намера.

Јилдирим не е „нов“ претседател на клубот, туку повторно беше избран на функцијата која ја врши веќе 15 години.

Најдобар подарок за јубилејот би било ангажирањето на Ибрахимовиќ за чиј потпис тој подготви 25 милиони евра.

Иако целата работа делува невозможна, но земајќи ја во предвид ситуацијата со даноците во Франција и предложениот данок од 75 проценти, Ибра би можел да побара спас на своите приходи во богатата Турција.

Швеѓанецот игра во одлична форма во оваа сезона, досега постигна дури 12 голови на 15 средби во сите натпреварувања.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП