SAMSUNG би можел да го претстави Galaxy Ring 2 до крајот на овој месец. Треба да биде лансиран со новиот телефон Galaxy S25 и XR очилата. Првиот Galaxy Ring нема ни една година, а веќе се споменува и негова надградба. Лансирањето се очекува на настанот Galaxy Unpacked.
Исто така, лансирањето се очекува на пролет или почетокот на летото оваа година, а цената би требало да биде иста како и кај претходниот модел, односно 449 евра. Новиот модел треба да биде потенок, да има на располагање уште две големини (14 и 15) и помоќна батерија.
Подобри паметни функции, ограничена компатибилност
Според протечените информации, Galaxy Ring 2 би можел да има потенок дизајн, подобро поставени сензори и подолго траење на батеријата, можеби и до девет дена. Исто така, се очекуваат дополнителни големини на прстените кои би го олесниле приспособувањето на корисниците со малку поголеми раце.
Покрај здравствените карактеристики како следење на спиењето и енергијата, прстенот најверојатно ќе добие подобрени паметни функции, како што е контрола на вашиот телефон со гестови. Сепак, компатибилноста најверојатно ќе остане ограничена на уредите Samsung, без поддршка за iPhone.
Настанот Galaxy Unpacked ќе се одржи на 22 јануари, а покрај претставувањето на новите уреди, се очекуваат нови информации за интерфејсот One UI 7 и Galaxy AI карактеристиките за серијата мобилни телефони Galaxy S25.