30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБешикташ го посакува Пирло

Бешикташ го посакува Пирло

Andrea-Pirlo-Juventus

Искусниот италијански репрезентативец, Андреа Пирло на крајот на сезоната ќе биде слободен играч, а од Јувентус го најавија стартот на преговорите по нова година. Но тогаш одличниот плејмејкер ќе има право да преговара и со останатите клубови.

Тој моментално заработува околу 4 милиони евра по сезона, но јасно е дека со оглед на годините, тешко дека ќе може да смета на тие пари.

Најверојатно проблемот не е во висината на платата, туку во должината на договорот.

Имено, Пирло сака да потпише договор за две години со Јувентус, а најверојатно „бјанконерите“ ќе му понудат договор само за една сезоната и тоа е главниот проблем во продолжувањето на соработката.

Бешикташ е подготвен да издвои пет милиони евра за две години, но прашање е дали Пирло ќе сака на крајот од својата кариера да замине во Турција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП