5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајдобро платените спортски коментатори во светот

Најдобро платените спортски коментатори во светот

Soccer - Barclays Premier League - Fulham v Hull City - Craven Cottage

Професијата спортски коментатор е сонот на секој љубител на спортот, ги коментираат натпреварите и спортовите кои им се допаѓаат, а притоа добиваат шанса да се сретнат со најпознатите спортисти и да им поставуваат прашања. Најдобрите и најпопуларните коментатори се добро платени и барни професионалци.

Видете кои се 10 -те најдобро платени спортски коментатори во светот:

10. Дон Чери – 800 000 годишно.

komentator 10

Тој коментира хокеј и еден од најпознатите спортски коментатори во Канада и целиот свет. Добива 800.000 долари годишно од „CBC“.

9. Чарлс Баркли – 1.6 милиони долари годишно.

komentator 9

Тој е поранешен професионален кошаркар кој настапуваше за „Phoenix Suns“. Во моментов е коментатор на кошарка за „CBS“ и „TNT“.

8. Мајк Тирико – 3 милиони долари годишно.

komentator 8

Заработува 3 милиони долари годишно како гласот на преносот „Monday Night Football“ на „ESPN“.

7. Крис Берман – 3 милиони долари годишно.

komentator 7

Работи за „ESPN“ уште од стартот на телевизија во 1979-та година. Заработува по 3 милиони долари годишно и има заработено 18 милиони долари.

6. Ал Мајклс – 5 милиони долари годишно.

komentator 6

Тој се појави на малите екрани уште во 70-тите години. Коментира најчесто фудбал, како и Олимписки игри. Заработува 5 милиони долари годишно и има лично богатство од 20 милиони долари.

5. Џо Бак – 5 милиони долари годишно.

komentator 5

Коментира фудбал и безбол на „Fox“.

4. Џим Нанц – 5 милиони долари годишно.

komentator 4

Коментира фудбал, голф и друго за „CBS“. Има лично богатство од 15 милиони долари.

3. Дан Патрик – 5 милиони долари годишно.

Photographer

Тој е првиот коментатор на „ESPN“, кој добива плата од 1 милион долари ( за програмата „SportsCenter“ ). Во моментов има сопствен радио пренос и често води емисија за фудбал на „NBC“ во саботата вечер. Има лично богатство од 25 милиони долари.

2. Боб Костас – 5.5 милиони долари годишно.

komentator2

Ја почнува кариерата во 70-тите години. Неговиот прв голем договор е со „NBC“. Работел и за „HBO“. Специјалитет му е бејзбол. Има лично богатство од 32 милиони долари.

1. Џим Ром – 30 милиони долари годишно.

komentator 1

Тој ја води една од најпопуларните радио емисии во светот, како и ТВ пренос на „CBS Sports Network“. Во минатото водел емисии на „Fox“ и „ESPN“. Заработува 30 милиони долари само од радио пренос, а неговото личено богатство изнесува 100 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП