2 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИДневна анализа за Канадскиот Долар

Дневна анализа за Канадскиот Долар

canadian

Денес не очекуваат две важни објави за канадската економија, притоа ви подготвивме една техничка анализа за валутата на оваа држава, канадскиот долар.

Канадскиот долар делумно е стабилен низ сите години, како одлика на вработеноста, бруто домашниот производ, увозот и извозоти други економски показатели кои укажуваат на една стабилна економија.

Во принцип кај валутната берза канадскиот долар во однос на повеќето валути одржува една рамнотежа во помали рамки на движење на цената. Позначителни трендови кај канадскиот долар се забележуваат токму во деновите кога следат повлијателни економски објави, како денес, кога се очекуваат резултатите од градежниот сектор за бројот или процентуалноста на новодозволените градби, а овој индикатор во повеќе случаи ја раздвижува канадската валута во сооднос со резултатот на објавата.

Доколку денес се објават позитивни резултати како предвидените од аналитичарите или поголем износ, тогаш канадскиот долар најверојатно експлозивно ќе скокне во однос на сите други валути или обратно доколку се објават полоши резултати од очекуваните, но секогаш после објавата скокот или падот на оваа валута се случува во многу краток период во само 10-20 минути, за потоа цената да запре на следните нивоа на поддршка или отпор.

Во случај канадскиот долар да расте, кај валутниот пар USD/CAD ќе проследиме пад до поддршката 1,0297, а доколку се движи во обратна насока најверојатно ќе достигне до цена на отпорот 1,0539.

eurcadh

Кај валутниот пар EUR/CAD доколку канадскиот долар расте, тогаш најверојатно цената на овој пар ќе падне до поддршката 1,3897, а доколку канадскиод долар ослабне, тогаш цената на EUR/CAD би се искачила до отпорот 1,4277.

eur

За да се реализира евентуален профит при точна анализа и предвидување на краток период, потребно е да имате отворена трговска сметка преку која може да реализирате купопродажни налози во секој момент преку платформата за тргување.

 

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП