2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKoj прв до Роберто?

Koj прв до Роберто?

roberto barsa

Според информациите кои пристигнуваат од Шпанија, англиските клубови се заинтересирани за играчот на Барселона, кој оваа сезона не добива многу шанса за да игра.

Серџи Роберто потекнува од познатата младинска школа на Барселона. Претходните сезони настапуваше за екипата Барселона Б, а оваа година е дел од првиот тим.

Меѓутоа, младиот фудбалер не добива многу можност да се најде на теренот. Во игра влезе само три пати, и тоа секој пат од клупата.

Тоа беше знак за Ливерпул и Тотенхем да испратат понуди за младиот везиста. Екипата на Брендон Роџерс сака да игра во Лигата на шампионите, а за тоа со сигурност им се потребни засилувања.

Во екипата на Тотенхем исто така го сакаат фудбалерот на Барселона, но тешко е дека ќе му понудат место меѓу стартерите, ако се земат во предвид бројните засилувања кои дојдоа во Лондон во текот на летниот преоден рок.

Интерес покажа и Милан, кој пари за трансферот на Роберто би собрале од евентуалната продажба на Ел Шарави, за кој се заинтресирани клубови од Англија.

Најголема пречка во реализацијата на овој трансфер би можела да биде цената на младиот Шпанец. Тој во својот договор нема откупна клаузула, но се верува дека Барселона нема да го пушти за сума помала од 20 милиони евра.

Останува да видиме дали Роберто ќе добие повеќе шанса во првиот тим во продолжението на сезоната, и така да го продолжи своето останување во престолнината на Каталонија или веќе во јануари да го загуби трпението и да побара од управата да го пушти во некој друг клуб.

Инаку овој млад фудбалер веќе го споредуваат со ветеранот Чави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП