OpenAI им овозможи на корисниците ширум светот пристап до подобра верзија на Sora, алатка која го претвора текстот во видеа.
„Развивме нова верзија на Sora — Sora Turbo — која е значително побрза од моделот што го претставивме во февруари. Денес, го објавуваме како самостоен производ на веб-страницата Sora.com за корисниците на ChatGPT Plus и Pro пакетите “, се вели во соопштението на компанијата.
Корисниците на пакетот ChatGPT Plus можат да креираат до 50 видеа месечно во резолуција од 720p, а претплатниците на Pro имаат право на неограничено создавање видео од 1080p.
„Sora може да генерира сложени сцени со повеќе карактери, специфични типови на движење и точни детали за темата и заднината. Моделот разбира не само што барал корисникот, туку и како постојат работите во физичкиот свет“, се вели на веб-страницата OpenAI.
Принципот е прилично едноставен за корисниците, кои треба само да напишат „скрипта“ (т.н. „prompt“) и да ја остават Sora да работи, за да може технологијата да замени некои аниматори со послаб квалитет, но и да помогне при снимање филм.
Достапноста на алатката Sora во Европската унија, Швајцарија и Велика Британија во моментов е суспендирана поради строгите правила за заштита на податоците и регулативата за вештачка интелигенција (AI).
Компанијата одлучи да се збогува со 2024 година со настан наречен „12 дена на OpenAI“ на кој секој ден до 23 декември ќе се презентираат новитетите и плановите на компанијата за иднината, пренесува Tech Crunch.