22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто луѓето најчесто ја прашуваат Alexa? Некои прашања може да ве изненадат

Што луѓето најчесто ја прашуваат Alexa? Некои прашања може да ве изненадат

Информациите за висината на Тејлор Свифт, вредноста на Биткоинот и социјалните мрежи на влијателниот MrBeast беа меѓу најчесто поставуваните прашања на виртуелниот асистент на Amazon Alexa во Обединетото Кралство во 2024 година.

Технолошкиот гигант објави дека на врвот на листата со прашања за висината и возраста на познатите личности е онаа на американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, чија турнеја Ерас штотуку заврши со рекорди. Таа имаше и три албуми во првите пет најслушани и, според Alexa и Amazon Music, беше прогласена за најизведувана уметница на годината.

Тејлор е вторa, зад Илон Маск кога станува збор за прашањата за нето вредноста, а MrBeast (вистинско име Џејмс Доналдсон) е трет.

Со повеќе од 500 милиони следбеници на социјалните мрежи, MrBeast е најследен инфлуенсер во светот.

Според годишните бројки кои го покриваат периодот од септември 2023 до ноември 2024 година, прашањата за општо знаење остануваат популарни меѓу корисниците на Alexa. Меѓу најчесто поставуваните прашања се оние за вредноста на биткоинот и за бројот на жители на Земјата.

Податоците на Amazon, исто така, покажуваат дека пребарувањето фудбалски информации со Alexa е меѓу најпопуларните начини за користење на неговиот асистент за вештачка интелигенција, софтверска програма која се потпира на технологии како обработка на природни јазици (NLP) и за следење гласовни и текстуални команди.

„Кога игра Англија? – беше меѓу најпопуларните спортски прашања на годината, со оглед на тоа што машката репрезентација на Англија стигна до финалето на Евро 2024 ова лето. Меѓу главните прашања поставени до Alexa беа информациите за ажурираните резултати од натпреварите во кои учествуваа Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.

Amazon, исто така, објави дека користењето на Alexa како кулинарски асистент е уште еден голем тренд во 2024 година, при што рецептите за палачинки, пудинг од Јоркшир и леб од банана се забележани како најбараните барања. Во топ 10 се најдоа и рецепти за торти или колачиња на стапче, пиперки полнети со халуми и сладолед од манго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП