11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на Holcim

Зголемен профитот на Holcim

holcim1

Еден од најголемите светски производители на цемент, компанијата „Holcim“, во првите девет месеци од оваа година го зголеми профитот за 16,8 проценти во однос на истиот период минатата година.

Така, профитот на компанијата сега достигна износ од 1,28 милијарди франци.

Од друга страна, приходите од продажбата се намалени за 6,1 проценти, на 14,94 милијарди франци, додека бруто оперативниот профит се намалил за 4,1 проценти, на 2,95 милијарди, се прецизира во соопштението на компанијата.

Како што е наведено, причината за падот на продажбата во споменатиот период е во намалените активности на компанијата, на пазарите во Индија, Мексико, Канада и Бразил.

За цела 2013 година, „Holcim“ предвидува дека продажбата на цемент, чакал, песок и други градежни материјали нема да го достигне нивото од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП