20 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е најпопуларниот телефон во 2024-та година

Ова е најпопуларниот телефон во 2024-та година

Се ближиме до крајот на годината, па аналитичките компании прават кратења со најновите резултати од истражување на пазарот.

Аналитичките компании „Counterpoint Research“ и „Canalys“ ги објавија своите редовни анализи на пазарот на мобилни телефони, кои се однесуваат на состојбата на глобалниот пазар на паметни телефони во текот на третиот квартал од 2024-та година.

Двете компании се согласуваат за најпопуларниот телефон во периодот јули-септември, а на двете листи тоа е стандардниот модел на „iPhone 15“.

Во Топ 10 листата на најпродавани телефони на компанијата „Counterpoint“, покрај моделите на „Apple“ и „Samsung“, се најде и еден модел „Redmi“ – „Redmi 13C 4G“.

Првите три места ги заземаат „Apple iPhone 15“, „15 Pro Max“ и „15 Pro“, додека зад нив се „Galaxy A15 4G“, „Galaxy A15 5G“, „Galaxy A35 5G“ и „Galaxy A05“, а потоа и „iPhone 14“.

Листата на модели на „Apple“ и „Samsung“ ја „пробива“ споменатиот „Redmi 13C 4G“ на деветтото место, а во Топ 10 е и „Samsung Galaxy S24“.

На листата на „Canalys“, зад моделот „iPhone 15“ се наоѓа „Galaxy A15“ на „Samsung“, а потоа следат двата најнови „iPhone“ уреди: „iPhone 16 Pro“ и „Pro Max“. На оваа листа нема модели на „Samsung“ од премиум сегментот, бидејќи сите се од средниот и долниот сегмент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП