Новиот потфат на Маск, ако навистина е така, е во согласност со неговите претходни коментари за состојбата на индустријата за видео игри, за која тој тврди дека е под големо влијание на „постоењето на различност и напор за инклузија“.
Откако првата компјутерска игра создадена целосно од вештачка интелигенција се појави во средината на овој месец (симулација на Minecraft наречена Oasis), Илон Маск сега се изјасни на оваа тема.
Најбогатиот човек на светот вели дека подготвува вистинска револуција, која планира да ја спроведе со голема помош на вештачката интелигенција. А она што сака да го спроведе со револуцијата е поврзано со видео игрите.
Во стилот на неговиот главен актуелен политички сојузник, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Маск најавува дека неговата компанија xAI ќе лансира студио за развој на видео игри што „ќе ги направи игрите повторно големи“.
Too many game studios that are owned by massive corporations. @xAI is going to start an AI game studio to make games great again! https://t.co/UR4nFODyfd
— Elon Musk (@elonmusk) November 27, 2024
Објавата дојде откако, во кореспонденција со следбеник на X, Маск жестоко ја критикуваше насоката на тековниот развој на индустријата за видео игри.
Откако овој ја изрази својата фрустрација од, како што рече, „манипулативните шуплини“ во развојот на игри, конкретно истакнувајќи дека, според него, студиата за развој станаа крајно идеолошки ориентирани кога станува збор за развојот на игри, Маск ја ретвитна објавата додавајќи:
„Премногу студиа за игри се во сопственост на големи корпорации. xAI ќе започне AI развојно студио што ќе ги направи игрите повторно големи!“.
Судејќи дека видео игрите беа главно лоши во последните неколку години, фановите на Маск сметаат дека она што тој го најавува е нешто што „очајно ни треба“. Секако, имаше и такви кои не беа многу воодушевени од ваквата објава…
Новиот потфат на Маск, ако навистина е така, е конзистентен со неговите претходни коментари во последните недели и месеци за состојбата на индустријата за видео игри, за која шефот на X и xAI тврди дека е под силно влијание на „постоењето на различност и напор за инклузија“.
“Кога ќе видите нешто насилно во игра, тоа ја убива уметноста. Ве вади од приказната, бидејќи се чувствувате како да ви држат предавања. Дозволете ми да уживам во моите видео игри!”, коментира Маск.