2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСудењето на Хенес започнува во март

Судењето на Хенес започнува во март

uli-hoeness

Случајот против претседателот на Баерн, Ули Хенес, кој е под обвинение за затајување данок ќе започне на 10-ти март 2014-та година, објавија од судот во Минхен. Закажани се четири расправи и ќе бидат испрашани најмалку четворица сведоци.

„61- годишниот претседател на Баерн Минхен е обвинет за даночно затајување. Во моментов не можат да се откријат детали околу истрагата, поради посебни барања за безбедност од страна на економската полиција“, стои во соопштението од судот во Минхен.

Според германските медиуми 61- годишниот шеф на баварците затаил 12 милиони евра од неплатени даноци, откако тој самиот призна уште на почетокот на оваа година, дека не ги плаќал обврски кон државата. Потоа неговиот дом беше претресен од властите и беше издадена потерница за негово апсење.

Ули Хенес беше уапсен на 20-ти март оваа година, но остана на слобода со кауција од 5 милиони евра и ја задржи претседателската функција во клубот кој освои три титули минатата сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП