28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола го посакува Агуеро

Гвардиола го посакува Агуеро

aguero baern

Трансферот на Роберт Левандовски од Борусија Дортмунд во Баерн Минхен изгледа речиси сигурен, но во последните недели во Германија се појавија гласини дека тренерот на баварците Пеп Гвардиола не е меѓу повеќето страствени навивачи на Полјакот.

Според неколку медиуми во Англија и Германија, Гвардиола е голем фан на напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро и ќе се обиде да го земе на „Алијанц Арена“ во текот на летото.

Гвардиола дури се обидел да го привлече Агуеро во Барселона, додека ги предводеше каталонците во периодот од 2008-та до 2012-та година, но Аргентинецот избра да го облече дресот на „граѓаните“.

Оваа сезона Кун продолжува со одличните настапи, а тој веќе има 8 погодоци и четири асистенции во англиската Премиер лига.

Интересно е дека Баерн Минхен го следеше Агуеро уште пред седум сезони. Поради 17-годишниот во тоа време Кун лично претседателот на Баерн, Ули Хенес (од 2006-та спортски директор) патуваше во Аргентина, но тогаш шефот не останал импресиониран од виденото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП