27 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот евтин „iPhone“ е се поблиску

Новиот евтин „iPhone“ е се поблиску

Се чини дека „iPhone SE 4“ ќе биде претставен наскоро, бидејќи новите извештаи сугерираат дека „Apple“ планира да започне масовно производство на модулот за камера за моделот во декември.

Според „AjuNews“, „LG Innotek“ потоа ќе започне со производство, што обично го прават околу три месеци пред објавувањето на новиот „iPhone“. Тоа значи дека „iPhone SE 4“ би можеле да го видиме веќе во март.

Претходните гласини, исто така, навестија за објавување помеѓу март и јуни, така што оваа информација се согласува со претходните најави.

Што се однесува до новиот дизајн, „iPhone SE 4“ би можел да има поголем екран од 6,1 инчи од неговиот претходник од 2022-ра година, кој имаше екран од 4,7 инчи. Сè уште не е познато дали ќе има „Dynamic Island“, но знаеме дека ќе изгледа значително различно од неговиот претходник.

Се очекува и помоќен процесор, а тоа потенцијално ќе биде чипсетот A17 Pro со 8 GB RAM. Овие додатоци треба да ги подобрат перформансите и да овозможат подолгорочна поддршка за поновите апликации и функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП