16 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПентагон: Стотици нови извештаи за НЛО, нема докази за вонземско потекло

Пентагон: Стотици нови извештаи за НЛО, нема докази за вонземско потекло

Последниот извештај на Пентагон содржи стотици нови извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и необјаснети феномени, но нема докази кои укажуваат на вонземско потекло на овие појави, пишува денеска Гардијан.

Извештајот вклучува 757 случаи пријавени на американските власти од 1 мај 2023 година до 1 јуни оваа година.

Во таа бројка се вклучени и 272 инциденти кои се случиле пред тој период, но претходно не биле пријавени.

Најголем број инциденти се случиле во воздушниот простор над Земјата, додека 49 од нив се забележани на надморска височина поголема од 100 километри.

Во многу случаи,истражувачите утврдиле дека „неидентификуваните“ објекти всушност не се ништо мистериозно – тие често излегуваат дека се балони, птици, дронови или сателити.

Гардијан истакнува дека сателитите од системот Starlink, кои припаѓаат на Илон Маск, се сè почест извор на забуна, бидејќи луѓето често погрешно ги идентификуваат овие групи на сателити како НЛО.

Иако беа објаснети речиси 300 инциденти, стотици други случаи остануваат нерешени, но авторите на извештајот забележаа дека тоа обично значи дека нема доволно информации за да се донесе заклучок.

Извештајот, исто така, истакна дека нема пријавени повредени или несреќи за време на тие инциденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП