Шоуто во Арлингтон пред 80.000 луѓе помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол не донесе врвен бокс, но привлече големо внимание поради многу причини.
Легендарниот „железен“ Мајк влезе во рингот на 58 години и покажа дека се уште го има огнот во себе да зададе опасни удари, но овојпат тоа не беше доволно против неспоредливо помлад и доволно обучен јутјубер, кој на крајот може да се рече дека е во подобра состојба и победи на овој натпревар.
Специфично беше и тоа што за прв пат натпреварот го пренесуваше платформа како што е Нефликс, позната по стриминг филмови и серии, па не можеше да се гледа на конвенционалната телевизија како што сме навикнати.
Поради ова, на многумина им беше одбиено да го гледаат натпреварот во живо, но на Youtube се појави видео од целата тепачка.
Доколку ве интересира како и зошто Пол го доби натпреварот со едногласна одлука, погледнете го видеото подолу.