12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрајант доби 24 милиони долари без да игра

Брајант доби 24 милиони долари без да игра

kobebryant11

Повредeната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант доби 80 проценти од годишната плата и тоа без да се игра. Во тековната година Брајант ќе земе 30.5 милиони долари, но само за еден ден тој доби 24.3 милиони долари.

Играчите во НБА ги добиваат своите плати на неделна база, но Брајант го користи штрајкот на играчите во лигата во 2011-та година, за да се вклучат важна точка во договорот. Според неа, секоја година на први ноември ќе добива 80 проценти од платата, без разлика дали игра или е повреден.

Во остатокот од сезоната Брајант ќе добие 6.1 милиони долари, со што ќе ја заземе лидерската позиција според платата во НБА.

Германецот Дирк Новицки (Далас) оваа сезона ќе добие 22.7 милиони долари, Амар Стадемаер и Џо Џонсон ќе земат 21.67 милиони долари и 21.5 милиони долари. Над 20 милиони долари ќе добијат уште Кармело Ентони и Двајт Хауард, додека ѕвездите на Мајами Хит Леброн Џејмс и Двејн Вејд оваа сезона на своите банкарски сметки ќе придодадат чекови од 19.1 и 18.7 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП