Хиперпигментацијата е честопати предизвикана од оштетување од сонцето, хормонални промени или воспаление на кожата. За еден ваков предизвик, важно е да се најде производ специјално дизајниран за таргетирање и намалување на оваа појава, а при тоа да нуди клинички докажано решение кое помага за враќање на рамномерноста на тенот.
Новиот Eucerin Anti-Pigment гел за чистење на кожата таргетирано ги намалува темните дамки, особено кога се користи заедно со Anti-Pigment Dual Serum кој ја содржи патентираната состојка Тиамидол. Овој гел ги осветлува пигмантираните делови,прави ексфолијација за зголемен сјај и е богат со 2% АХА киселини како млечна киселина и гликолна киселина. Овие моќни состојки ги отстрануваат мртвите клетки, ја обновуваат кожата, по што станува многу посветла.
Третманите за хиперпигментација понекогаш може да предизвикаат сушење, но со Eucerin Anti-Pigment гелот за чистење ова не се случува бидејќи се одржува природната рамнотежа и кожата е мазна и хидрирана. Добро е кога се користи како прв чекор да се подготви кожата за апсорпција на следниот третман доколку се користи рутина за нега против овој предизвик.
Клучните придобивки од овој производ се многубројни, ќе одвоиме само неколку најважни:
- Инстантен и природен сјај уште при првата употреба
- Подобрена текстура, обновена кожа, изедначен и измазнет тен
- Клинички тестиран и нежен за најчуствителната кожа што го прави безбедно секојдневно решение за предизвиците со пигментација
Овој гел е препорачан од дерматолози бидејќи студиите ја потврдуваат неговата ефикасност во намалување на хиперпигментацијата. Погоден е за сите тонови на кожа и е толерантно решение за секојдневна употреба.
Најдобро е потоа да се комбинира со Еуцерин Antipigment Dual Serum и хидратантна крема за целосен режим. Со постојана употреба овој гел ќе ги избледнее и најтврдокорните пеги и дамки.