9 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСтанувате цел на хакери ако ги напишете овие шест зборови во пребарувачот

Станувате цел на хакери ако ги напишете овие шест зборови во пребарувачот

Следниот пат кога ќе барате нешто на Google, обрнете внимание на резултатите пред да кликнете. И не кликнувајте веднаш на првиот резултат што ќе се појави.

Пребарувањето на Интернет носи со себе одреден ризик. Иако повеќето од резултатите што можете да ги најдете во пребарувачот се легитимни и нема да ви наштетат на вас или на вашиот компјутер, повремено има страници кои не се толку невини и чија единствена цел е да ве искористат.

Компанијата за сајбер безбедност Sophos штотуку објави предупредување со кое ги предупредува корисниците на интернет за шест навидум безопасни зборови кои би можеле скапо да ги чинат.

Како што напишаа на нивната веб-страница, со анализа на интернет сообраќајот на Google, експертите на Sophos открија дека пишувањето на зборовите „Are Bengal Cats legal in Australia?“, односно „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија?“, во голема мера го зголемува ризикот од кражба на лични податоци.

Имено, со впишување на тие зборови во пребарувачот се појавуваат резултати, меѓу кои има доста – лажни.

Жртвите често се охрабруваат да кликнат на малициозни реклами или линкови кои се рекламираат како легитимни страници, или во овој случај како легитимни резултати од пребарувањето на Google, предупредуваат тие.

Интересно е што злонамерната страница моментално се појавува само ако зборот „Австралија“ е впишан во прелистувачот, што покажува дека корисниците од таа земја се најзагрозени.

Како што истакнува Sophos, кога корисникот ќе кликне на лажни резултати, на неговиот компјутер се инсталира злонамерната програма Gootloader, која го блокира пристапот до компјутерот и во исто време ги краде личните податоци на сопственикот на компјутерот (како што се податоците за интернет банкарството, картички, итн.).

Иако звучи како хакерите да таргетираат одредена група на луѓе, истражувачите на Sophos предупредуваат дека ова покажува колку ризично станало безумното кликнување на линкови што се појавуваат како резултати од пребарувањето на Google.

Таквата хакерска техника инаку се нарекува „”SEO poisoning”“, бидејќи хакерите манипулираат со резултатите од пребарувачот, така што страниците што ги контролираат доаѓаат на врвот на резултатите од пребарувањето.

Затоа, следниот пат кога ќе пребарувате нешто на Google, обрнете внимание на резултатите пред да кликнете на нив. И не кликнувајте веднаш на првиот резултат што ќе се појави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП