11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер не жали пари за Коста

Венгер не жали пари за Коста

diego kosta

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е подготвен да понуди 30 милиони фунти за во своите редови да го доведе моментално најдобриот стрелец на Прмиера.

Диего Коста поради одличните настапи во дресот на Атлетико Мадрид е еден од најбараните и најценетите напаѓачи во овој момент.

Минатата сезона Бразилецот остана во сенката на Радамел Фалко, а тренерот на Ливерпул, Брендан Роџерс го посакуваше во летниот преоден рок и имаше желба да го доведе на „Енфилд“.

Но ни Жозе Мурињо не остана имун на одличниот голгетерски учинок (12 голови на 11 средби во Примера), па почна да се распрашува за него, но Арсен Венгер излезе со конкретен план.

Медиумите на Островот пишуваат дека од „Емирати“ се подготвени со понуда од 30 милиони фунти, но тешко е да се очекува дека „јорганџиите“ во сред сезона ќе го продадат својот најдобар играч по било која цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП