Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Сами Кедира, тврди „ESPN“. Според информациите, „црвените ѓаволи“ се подготвени да продолжат со обидите да го привлечат фудбалерот на Реал Мадрид. Ова лето тие не успеаа со понудата од 40 милиони евра.
Еден од тренерите во англискиот клуб, Фил Невил присуствуваше на последниот натпревар на Реал Мадрид против Севилја (7:3), за да го следи настапот на Сами Кедира. Германскиот репрезентативец беше стартер и беше заменет во 82-та минута.
„Не сум Шпанец, не вредам скапо, а тука ме доведе Жозе Мурињо. Кога започна сезоната, дури не бев дел од групата. Дури да играм добро, тешко дека некој ќе ме процени“, цитиран беше и самиот Сами Кедира кој е незадоволен од статусот во Реал Мадрид.