Чешкиот производител „Skoda“ е подготвен со нов модел кој ќе се вика „Kylaq“, кој првично ќе биде наменет за индискиот пазар, но подоцна ќе стане светски. Неговата премиера ќе се одржи на 4-ти ноември.
Станува збор за компактен кросовер со 1.0-литарски TSI мотор со моќност од 115 коњски сили и 178 Nm вртежен момент. „Kylaq“ ќе биде позициониран во сегментот „B-SUV“ со должина помала од четири метри, а од компанијата за производство велат дека кросоверот ќе биде претставник на глобалниот дизајнерски јазик „Modern Solid“.
Поточно, должината на „Skoda Kylaq“ е 3.995 mm. Меѓуоскиното растојание е 2.566 милиметри. Опремен е со 1.0 TSI мотор со моќност од 115 ks и 178 Nm вртежен момент, кој е поврзан со шестстепен мануелен или автоматски менувач.
Што се однесува до основната модификација, новиот кросовер ќе има прилично пристојно ниво на опрема, која вклучува шест воздушни перничиња, еколошки тапацир од бамбусова ткаенина и многу безбедносни системи.
Интересно е тоа што чешкиот производител на автомобили оствари одлична продажба во Индија во 2022-ра година, со над 100.000 продадени автомобили, што го нагласи успехот на компанијата на индискиот пазар.