22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрада ги претстави вселенските одела за астронаутите на НАСА, зошто е важно...

Прада ги претстави вселенските одела за астронаутите на НАСА, зошто е важно тие да се бели?

Модната куќа Прада и комерцијалната вселенска компанија Axiom Space во Милано го претставија дизајнот на вселенскиот костум што ќе го носат астронаутите во мисијата Артемида III на Месечината организирана од американската вселенска агенција НАСА.

Вселенските костуми беа претставени за време на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано и главно се бели, објави Си-Ен-Ен.

„Ова е револуционерно партнерство. Ние ги спојуваме инженерството, науката и уметноста“, рече извршниот потпретседател на Axiom Space Расел Ралстон на прес-конференцијата.

Астронаутите ќе можат да одат во вселената најмалку осум часа дневно благодарение на специјално дизајнираните чизми.

Оделата ќе бидат направени од бел материјал кој може да ја рефлектира топлината, обезбедувајќи заштита од екстремно високи температури и прашина од месечината.

Мисијата Артемида III во моментов е планирана за втората половина на 2026 година, а доколку биде успешна, тоа ќе биде првпат жена да оди на Месечината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП