Еден од најмоќните финансиски клубови во Европа – Монако, ќе понуди 34 милиони фунти за ѕвездата на Арсенал, Тео Волкот.
Второ пласираната екипа во генералниот пласман на Лига 1, ќе упати понуда за англискиот репрезентативец во јануари, но малку е веројатно дека „кнезовите“ ќе успеат да ја остварат својата намера.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изгуби неколку од своите клучни играчи во последниве години, па тешко дека ќе дозволи уште еднаш тимот кој во моментов е лидер во Премиерлигата, да биде потресен од сличен трансфер.
Самиот Волкот во јануари потпиша нов договор со Арсенал за период од 3,5 години.