Четири лица загинаа во сообраќајна несреќа во Франција, откако нивната „Тесла“ удрила во знак и се запалила, соопшти полицијата.
Полковникот Ерик Хоарау, портпарол на локалната полиција, изјави дека допрва треба да се утврдат точните околности на несреќата што се случи во саботата вечерта во близина на градот Ниорта и дека истрагата е во тек.

