2 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехничка анализа EUR/USD 01.11.2013

Техничка анализа EUR/USD 01.11.2013

dolar

Крајот на месец октомври се одбележа со позначителна корекција на цената на валутниот пар EUR/USD.

После долгиот нагорен тренд и постигнување на повеќекратни највисоки рекордни цени, оваа недела проследуваме повраток на цената кај EUR/USD во износ од 280 пипа од највисоката цена 1,3830 до денешната 1,3550, што и беше очекувано како што најавивме во претходните анализи.

Со почеток на новиот месец, Ноември, може да очекуваме уште мал благ пад на еврото во однос на доларот, како би се креирала диверзиска формација и цената да наиде на посилна поддршка, по наше видување на 1,3490 што и претставува цена каде претходно се случувало зголемен обем на тргување или стручно (Price Action Level).

Во наредните 5-10 дена се очекува стабилизирање на цената помеѓу нивоата 1,3490 и 1,3650 каде најверојатно ќе се чека на некоја поважна економска вест во САД или Европа, со што би се зацртал новиот нареден тренд на овој валутен пар, притоа наш предлог е да се почека до наредната недела кога не очекуваат низа економски објави во Еврозоната и САД.

euru

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП