Членот на карате клубот „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. На силниот шампионат во италијанскиот град, претставникот на скопската екипа учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.
Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин. Каратистот од „Макпетрол“, пак, до полуфиналето нанижа три победи против претставници од Казахстан, од неутрална земја и од Канада. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

