20 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle воведе опции против кражба на телефони

Google воведе опции против кражба на телефони

За време на конференцијата во мај, Google објави нови опции дизајнирани да ги заштитат паметните телефони кои работат на Android од кражба, односно да ги заштитат податоците во случај некој да го украде телефонот. Иако овие опции беа претставени пред речиси пет месеци, тие дури неодамна почнаа да се појавуваат на некои модели на Android.

Според информациите од корисник на Reddit, две такви опции, „Theft Detection Lock“ и „Offline Device Lock“, сега се достапни на неодамна претставениот телефон Xiaomi 14T Pro. Третата опремена опција, „Remote Lock“, не се појави на овој уред, но е достапна на некои други Android, пренесува Engadget.

Се очекува овие опции наскоро да се појават и на други телефони со оперативен систем Андроид.

Веројатно најинтересната опција во која се користи вештачката интелигенција (AI) е поврзана со препознавање на вообичаените движења поврзани со кражба. На пример, ако некој одеднаш ви го одземе телефонот од рака и почне да трча или брзо вози со велосипед или автомобил, вештачката интелигенција ќе заклучи дека можеби е кражба и ќе го заклучи екранот на телефонот за да не може крадецот да пристапи до содржината на телефонот.

Опцијата „Offline Device Lock“, како што сугерира името, го заклучува телефонот кога е исклучен од мрежата.

Иако опцијата „Find My Device“ на „Google“ им овозможува на корисниците да го заклучуваат телефонот од далечина, „Remote Lock“ го дозволува истото, но без користење на лозинка на Google или во случај опцијата „Find my device“ да биде исклучена. Google вели дека само вашиот телефонски број е доволен за да ја активирате оваа опција.

Google не објави никакви конкретни информации за тоа кога овие опции би можеле да се појават на поголем број телефони, но според досегашното искуство можеме да очекуваме дека нема да се појавуваат за сите истовремено, туку постепено ќе станат достапни на различни модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП